Tuesday, March 8, 2016

ПОЛИЦИЈА


Вовед 
Ја добив Твојата порака испратена преку посредниците од Полициска станица Ѓорче Петров,
онаа  барака во која има живи души за разлика од куќата од спротива со длабоко  навлечени ролетни во која можеби има некој но нема живот.
Офицерите беа мошне љубезни , посебно откако дознаа дека си мајка на Гоце Делчев,кој во нивните мемоари има оставено длабоки траги.


Дејствие
Сепак на мојата среќа и нема крај - дознав дека моите писма те возбудувале ,
што за мене е само доказ дека не си ме заборавила.
Единствено би сакал да ми одговориш дали повеќе
Те возбудува кога ја гледаш ГЛАВИЦАТА или КАМАТАТА.
Ужасно би ми помогнала во мојот излив на емоции.
Бај д веј, од писмата се одушевени и други.
Ете еден мој пријател Златко  Четиринаесетка
(во спомен на  14.000.000,00 евра) вели дека  Петрарка може само
нозете да ми ги мие , Лорка да ми носи кафе , а со Мајаковски
да џапнеме по некоја вотка.
Ме интересира зошто твојот систем не функционира и со мене-
они тебе тужба ти нив контратужба-
јас тебе писмо , ти мене ни разгледница не ми прати.

Не грижи се, ќе ТИ пишувам и во иднина.
Сигурно ќе те интересираат настаните со финансиската полиција,
КОМБАН ,  а богами ни Слаѓанка не е рамнодушна
кон тебе , едвај чека да го запознае твојот креативен дух и настап.
ЗАКЛУЧОК
Поздрав до тебе и до Твртко Први,
Толку се мразите а Ве гледаат заедно  по нови години, погреби и други свечености
ПС
Обрни му внимание на Гоце Делчев кога зборува по кафани како
ќе ме убие и ќе ми го извади салото (што ќе му е , па нели сте вие кошер) и  го споменува моето име , дека има келнери кои го препознаваат а мене ме познаваат, што ги прави директни сведоци за заканите по  мојот живот.
До утре ...... , и мисли на мене.........